Москва со пропаганда и провокации ќе продолжи да создава тензии меѓу Црна Гора и Србија и сите соседи на Балканот, оценува американскиот аналитичар Јануш Бугајски во интервју за подгоричка „Побједа“
Истражувачот на вашингтонскиот Центар за анализа на европската политика предупреди дека Москва ќе се обиде „од сите билатерални спорови во земјите во Југоисточна Европа да направи латентен судир“.
Бугајски оценува дека стратегијата со која Москва се однесува кон своите соседи и земјите од Југоисточна Европа е пример на класична царска политика – „раздели па владеј“.
– Со подбуцнување на соседите едни против други, Москва може добро да ја зајакне својата позиција на Балканот, но и во Централна Европа, вели американскиот аналитичар.
Тој смета дека државите од регионот треба да спроведат три политики, со цел да се спротивстават на стратегијата „раздели па владеј“ на рускиот претседател Владимир Путин.
– Прво, мора да ја зајакнат свеста на јавноста за политичките и информациските напади на Кремљ. Второ, мора да воспостават билатерални работни групи со соседните држави, составени од научници и експерти за кибер пропаганда за да се одбранат од нападите. И трето, сите искуства со пропагандата на Кремљ мора да се споделуваат за да се развијат регионални иницијативи, посебно во информациската сфера, препорачува Бугајски.
Тој оценува дека долгогодишните билатерални спорови во регионот нема да исчезнат преку ноќ, но и дека секое општество не смее да дозволи тие спорови да ги користи трета страна.
Според него, сите влади на Балканот мора блиску да соработуваат со САД и ЕУ преку ефикасни регионални стратегии во рамки на кои разузнавачите ќе споделуваат информации, заеднички ќе работат во доменот на кибер безбедноста, борбата против корупцијата и контролата на банкарските сметки.
– Институциите мора да ги разоткријат партиите, фирмите, невладините организации и медиумите кои блиско соработуваат со Кремљ, вели експертот од Центарот за анализа на европската политика
Бугајски верува дека интеграцијата на регионот во ЕУ и НАТО може да се постигне во следните 10 години.
– ЕУ можеби не е идеална структура за оние кои се веќе членки, но за државите аспиранти обезбедува економски и политички просперитет. Тврдам дека за регионот на Западен Балкан нема алтернатива, односно алтернатива е изолационизам, уште поголема несигурност и судири, оценува Бугајски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст