| четврток, 6 декември 2018 |

Мини детокс после празниците

Чистењето на организмот може да ви помогне да ја вратите енергијата и да го подобрите здравјето.

Поминаа новогодишните и Божикните празници полни со храна и алкохол кои влијаат како на телесната тежина, така и на кожата на лицето. Посебно ако долго време сте поминале во затворени простории.

Секој од нас може да ги направи овие пет работи за да го забрза метаболизмот и да се чувствува подобро.

Течност

Во текот на денот пијте по литар и пол вода со свежо изцеден лимон.

Маски

На измореното лице може да му помогнете со хранлива маска. Направете ја од јогурт, малку банана и лажичка мед или маслиново масло помешано со една жолчка.

Физичка активност

Брза прошетка од половина час или пријатно пешачење од еден час ќе биде сосема доволно да ја решите надуеноста на стомакот и да го забрзате метаболизмот, а кожата повторно ќе ви изгледа здраво.

Овошје

Јадете овошје. Витамините се многу потребни. Портокалите и мандаринитте се одличен избор на витамин Ц.

Кратки вежби

Направите 30 скокови (скокајте со собрани нозе и раце, а потоа ширете ги нозете, а рацете ставете ги над главата и така трипати).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top