Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано би го променил однесувањето ако добие шанса да се врати на почетокот на неговата кариера. Тој вели дека најмногу жали за времето поминато во Реал Мадрид, каде бил во постојана кавга со тренерот.
Почетокот на кариерата за Касано беше многу ветувачки. Со само 17 години тој се претстави на италијанската фудбалска сцена со гол за победа на неговиот тим Бари против Интер. Но, дотогаш животот беше полн со проблеми за Антонио Касано.
„Цели 17 години знаев како е да се гладува, бидејќи мојата мајка заработуваше многу малку. Се снаоѓавме за храна и најчесто дневниот буџет ни беше едно или две евра. Мајка ми нема одено во училиште, па затоа беше неписмена. Јас играв фудбал на улица, и најчесто играв за оној тим кој ќе ми понудеше пари. Фудбалот ми го смени животот“, вели Касано.
Поранешниот член на Рома и Реал Мадрид смета дека животот ќе му бил поразличен ако имал позитивен пример кој ќе го подучува. Тоа најмногу се должи на недостатокот на татковска љубов во неговиот живот.
„Татко ми и мајка ми се разведоа кога имав 10 години. Тој тргна по својот пат и оформи ново семејство, а мајка ми остана заљубена во него. Понекогаш доаѓаше да нѐ посети, но еднаш јас избегав од дома и ѝ реков на мајка ми дека треба да избере помеѓу мене и него. Оттогаш тој не се врати во нашиот дом“, додава Касано.
Кога се работи за периодот од животот за кој Касано се кае, тоа се неколкуте месеци поминати во Реал Мадрид.
„Најмногу жалам зошто не успеав во Реал Мадрид. Требаше да уживам во играњето во дресот на најдобриот клуб во историјата, но наместо тоа, јас се карав со сите. Ги запознав Зидан, Бекам и Роналдо, но истовремено се лутев за ситници и се расправав со сите во соблекувалната. Еднаш Капело ме замени и јас се истурив на него. Често го навредував на италијански и шпански. По една година полна со кавги, го напуштив Мадрид“, заврши Касано.
Тој во кариерата играше за Бари, Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер, Парма и Верона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст