| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Во 2015 година немавме бегалски бран, туку инвазија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека унгарскиот народ не сака мигранти и оти Владата не може да ја отфрли волјата на народот за едно толку важно прашање.

– Кога оние кои во 2015 година пристигнаа на границите на Унгарија за да влезат илегално во земјата, тоа не беше бегалски бран, туку инвазија. Никогаш не сфатив како Германија, која е пример за дисциплина и владеење на правото за сите нас, можеше да го прославува масовниот влез на илегални имигранти, анархијата и хаосот како нешто добро, изјави Орбан за германскиот весник „Билд цајтунг“.

Тој оцени дека во политичка смисла, миграциското прашање е проблем на Европската унија, а во социолошки е – германски проблем.

– Сите мигранти сакаат во Германија бидејќи сакаат германски живот, истакна Орбан.

Констатирајќи дека Германија секогаш ги пречекувала мигрантите за разлика од Унгарија, Орбан вели дека официјална Будимпешта својот дел го одработува така што ја штити границата на Шенген зоната на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top