| четврток, 6 декември 2018 |

Британец се изгубил на француските Алпи – измрзнал до смрт!

Британски школски надзорник кој исчезна по ноќ помината во бар во ски ресорт во Француските Алпи се верува дека смрзнал до смрт бидејќи се изгубил и не се вратил дома.

Teлото на Овен Луис (22) е забележано од хеликоптер откако по него беше организирана потрага.

Постери со неговиот лик се ставени во барот каде Луис бил последно виден.

Очевидци велат дека тој бил сам во барот и ги чекал другарите.

Неговото тело е најдено во планината, а според отпечатоците од неговите чизми тој се изгубил пред да смрне во снегот обидувајќи се да го најде патот за назад во рестортот каде бил сместен на само неколку стотини метри од барот.

Отворена е истрага за да се утврди што точно се случило.

Неговото семејство пријавило дека го нема откако се обиделе да го добијат на телефон, а тој не се јавувал.

Луис работел како школски надзорник во централна Франција, откако се преселил од Британија да им се придружи на своите родители.

Студирал механика на колеџ во Франција.

Ова е втор случај на Британец кој премрзнува до смрт на француските Алпи, откако претходно беше најден и Луис Робертсон (26) од Глазгов кој излезе од бар во еден ски ресорт и падна во поток обидувајќи се по скратен пат да стигне до хотелот каде бил сместен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top