Иако некои кралскиот живот го замислуваат како живот на принцезите и кралиците од Disney, сепак вистинскиот реален кралски живот на Кралицата Елизабета е доста поразличен.
Неколку интересни факти за Кралицата Елизабета кои веројатно не сте ги знаеле:
1. Кралицата Елизабета II слави два роденденa. Нејзиниот вистински роденден е на 21 aприл, 1926 година. Но, поради тоа што во aприл во Лондон е многу ладно, роденденот на кралицата државата го прославува некоја сабота во мај или јуни. Таа својот вистински роденден го слави само со својот најблизок круг на пријатели и семејство.
2. Од ноември 2017, кралицата Елизабета и принцот Филип се во брак 70 години. Тие се запознале кога кралицата имала само 13 години и таа веднаш знаела дека сака да се омажи за него.
3. Кралицата има омилен бренд за чанти кој се вика „Launer“ и има над 200 чанти од истиот бренд. Таа ги користи чантите и за да комуницира со персоналот. На пример, ако ја остави чантата на земјата тоа значи дека треба веднаш да ја извадат од непријатна ситуација.
4. Кралицата има омилена торта, чоколадна торта со бисквити поточно. Секој ден таа јаде по едно парче од тортата. Таа е толку сериозна во оваа рутина што дури зема од истата торта и кога оди на патувања.
5. Таа е најдолго владејачкиот монарх на Обединетото Кралство. Нејзиното владеење почнало во 1953-та година и трае до ден денес. Таа ја надмина и кралицата Викторија како најдолго владејачки монарх на 9-ти септември 2015 година.
6. До ден денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.
7. Кралицата Елизабета ги сака кучињата од расата „корги“ до толку многу што за време на нејзиното владеење имала над 30 кучиња од оваа раса. Првото куче од оваа раса, кралското семејство го добило во 1933-та година. Кралицата добила свое куче, кое го нарекло Сузан за нејзиниот 18-ти роденден.
8. Кралицата не поседува пасош затоа што сите пасоши за граѓаните на Обединетото Кралство се издадени во името на кралицата.
9. Кралицата е единствената личност во В. Британија на кое и е дозволено да вози без регистрација на нејзиното возило.
10. Таа за време на Втората светска војна служела како механичар и возела џип.
11. Нејзиниот сопруг, принцот Филип е нејзин трет братучед. Кралицата Викторија и принцот Алберт се нивни заеднички предци.
12. Венчаницата на кралицата Елизабета била покриена со над 10.000 бели бисери.
13. Освен илјадниците божиќни картички кои ги испраќа секоја година, кралицата Елизабета исто така праќа божиќни дрвца и божиќен пудинг на нејзините вработени. Досега има дадено 90.000 пудинзи.
14. Таа првата кралица која има користено свој мејл. Нејзиниот прв мејл го има пратено во март, 1976 година.
15. Кралицата пие 4 коктели секој ден. Еден пред ручек, еден со ручек, еден на крајот од ручекот со торта и чаша шампањ пред спиење.
16. Кралицата Елизабета има една сестра, принцезата Маргарет. Кога биле мали таа и го дала нејзиниот надимак, Лилибет кој ќе го следи низ целиот живот. Принцезата Маргарет почина во 2002 година.
17. Додека биле мали кралицата Елизабета и принцезата Маргарет не оделе во училиште. Тие биле школувани од приватни учители во нивниот дом.
18. Кога премиерот Винстон Черчил објавил дека е крај на Втората светска војна, кралицата Елизабета и принцезата Маргарет тајно изглегле од палата за да слават со народот на улиците на Лондон.
19. Иако и двајцата растеле во кралски семејства, Кралицата Елизабета и Принцот Филип имале многу различни детства. Филип не бил израснат од неговото семејство. Откако неговата мајка се разболела ментално, неговиот татко заминал да живее со неговата љубовница. Многу луѓе во Англија се противеле на бракот помеѓу кралицата и принцот Филип токму поради скандалите поврзани со неговото семејство.
20. Филип ја запросил Елизабета без знаење на нејзините родители и таа прифатила. Откако им кажале, кралот инсистирал веридбата да стане официјална по 21 роденден на Елизабета. Тие биле тајно верени повеќе од една година.
21. Поради тоа што таа е најдолго владејачки монарх во Англија, 80% од населението не било ни родено кога таа го наследила престолот. Тоа значи дека 80% од населението никогаш не имало друг владател освен кралицата Елизабета.
22. Таа ги поседува сите лебеди и делфини на територијата на Велика Британија. Во 12 век, лебедите се сметале за деликатес, па кралското семејство ги присвоило. Денес никој не ги јаде, но кралицата Елизабета се распрашува често на нивното здравје и ги посетува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст