| четврток, 6 декември 2018 |

Калјари му се извини на Матуиди

Раководството и фудбалерите на Калјари имаа сериозни забелешки за судењето на вчерашниот натпревар против Јувентус, но во една ситуација домашните фанови реагираа неспортски и го налутија Блаз Матуиди и неговите соиграчи.

Французинот беше расистички навредуван кога се најде блиску до трибината на најжестоките фанови на Калјари, а денеска клубот од Сардинија се извини преку официјално соопштение.

– Ти си голем фудбалер и пример за младите играчи. Сакаме да ти се извиниме ако беше навредуван на нашиот стадион поради бојата на кожата. Расизмот нема ништо заедничко со луѓето на Сардинија, стои во пораката која Калјари му ја испрати на Матуиди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top