| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеале сите освен неа: Македонка загина во тешка сообраќајка во САД

Четириесет и едногодишна македонска државјанка загина во сообраќајна несреќа што се случила во Нешвил, Тенеси. Во автомобилот со неа биле нејзиниот сопруг и трите деца кои ја преживеале несреќата.

Загинатата и нејзиниот сопруг се по потекло од Струмица, а повеќе од 10 години живееле во Чикаго.

Според американските медиуми, до несреќата дошло кога автомобилот со кој се превезувало семејството излетал од патот.

Како што јавија американските медиуми, сообраќајната несреќа се случила во четвртокот, а жртвата е идентификувана и е потврдено дека станува збор за Виолета Донев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top