| четврток, 6 декември 2018 |

Беса: Да се повлечат луѓето кои со ѓаволска игра сакаат да и наштетат на Беса

Движењето Беса денеска одржа прес-конферецнија со новинарите, во Тетово. На средбата се разговараше за проблемите низ кои минува оваа партија.

Оттаму порачаа дека, Беса ќе остане да се бори во политичката битка, а неодговорните луѓе да ги тргнат рацете од оваа партија.

„Беса ќе продолжи со својата политичка битка, во интерес на Албанците и другите граѓани во Македонија. Не можеме да останеме рамнодушни на пратеникот Неџмедин Карајмани и бараме да ги почитува законските органи како и легитимниот претседател Биљал Касами. Апелираме до неодговорните луѓе, кои на незаконски начин сакаа да и наштетат на Беса, што побргу да се повлечат од ѓаволската игра. Ќе се преземат сите законски и политички мерки против секој што не ги почитува сите институции“, истакнаа од Беса на денешната средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top