| четврток, 6 декември 2018 |

Уште два стана оштетени во пожарот кај Собрание

Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што избувна во стан во центарот на Скопје, на ул. Даме Груев, во близина на македонското Собрание.

Според информациите од пожарникарите, оштетени се уште два стана, но нема повредени лица.

Неофицијално, според изјавите на станарите, пожарот е подметнат од нивен сосед кој живее во зградата. Тие тврдат дека сам го запалил својот стан и, како што велат, и претходно го пријавувале и имале проблеми со неговото однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top