Собранискиот спикер Талат Џафери по повод Раѓањето Христово – Божик упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод и целото свештенство и монаштво, како и до сите верници од православна вероисповед.
Најсветиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик, се наведува во честитката, е празник кога се негуваат убави мисли и дела, посебно кон најближните и кон оние на кои таквата љубов и поддршка им е најпотребна.
– Верувам дека Македонската Православна Црква како најголема христијанска заедница во Република Македонија и во иднина ќе ја исполнува својата улога во нашето општество, ширејќи ја пораката за љубов, простување, помирување и за сплотување. Затоа, нека овие денови бидат поттик за остварување на вредностите кон кои сите заеднички се стремиме, а тоа се слободата, еднаквоста и праведноста. Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник, Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите сограѓани кои го прославуваат празникот посакувам љубовта и мирот да ги исполнат Вашите домови со топлина, семејна среќа и хармонија, стои во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст