| четврток, 6 декември 2018 |

Бутарис: Во време кога започнуваат преговори, не треба да има протести

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, рече дека е против протестите што треба на 21 јануари да се одржат во овој град, организирани од грчки нациналистички здруженија кои бараат на Македонија да и се забрани да го користи овој термин во името.

Бугарис изјави дека со соседите треба да се градат добри односи. Во врска изјавата на солунскиот митрополит дека Македонија е Грција, тој рече дека ниту тој ниту пак митрополитот ја изразуваат грчката надворешна политика.

-Јасно дека сум против и имам кажано одредени лоши зборови за протестите. Бидејќи овие протести не го изразуваат јавното мислење. Не може секој да пишти и да вика на плоштадите и по улиците. Во Скопје нема протести. Ние немаме малку мозок?, вели Бутарис, објаснувајќи дека во моменти кога започнуваат преговорите, не треба да има такви радикални реакции со демонстрации и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top