| четврток, 6 декември 2018 |

Патријарсите Вартоломеј и Неофит ќе разговараат за случувањата со МПЦ

Одлуката на Бугарската православна црква да се ангажира во застапување пред помесните православни цркви за утврдување на канонскиот статус на Македонската православна црква утре ќе биде тема на разговор на средбата на вселенскиот патријарх Вартоломеј и бугарскиот патријарх Неофит.

Двајцата патријарси ќе отслужат заедничка литургија во обновената бугарска црква „Свети Стефан”, позната како железната црква во Истанбул.

Неофит ќе биде дел од официјалната делегација, предводена од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. На литургијата ќе учествуваат Борисов и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top