| четврток, 6 декември 2018 |

25 мигранти се удавија во Медитеранот

Најмалку 25 мигранти настрадаа, а 85 се спасени денеска во преполн гумен чамец во Медитеранот, во кој биле криумчарени луѓе од Либија кон Европа. Италијанската крајбрежна стража во првиот извештај информираше дека се удавиле осум лица.

„Потона чамец северно од Триполи, во кој настрадаа најмалку 25 лица. Италијанската морнарица е на лице место“ , информираше германската организација Sea Watch на Твитер. Според нив, бројот на жртви може да биде и поголем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top