Хелсиншкиот комитет и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници поднеле пријава до Министерството за внатрешни работи за поттикнување на дискриминација и насилство, против неидентификуваните организатори на „Контра геј-парада“.
– Очекуваме од МВР да ги преземе сите неопходни мерки за заштита од насилство, дискриминација и ширење омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, и да овозможи мирно и непречено одвивање на планираните активности во „Неделата на гордоста“ – соопштуваат од Коалицијата.
Тие ја повикуваат и Македонската православна црква да се огради од овој настан, и да ја спречи злоупотребата на верските храмови за активности кои вклучуваат ширење на омраза и нетолеранција.
На социјалните мрежи се појави информација дека во сабота со почеток во 14 часот ќе се одржи „Контра геј-парада“од пред Соборниот храм во Скопје, која ќе продолжи „кон Собранието а потоа кон плоштадот „Македонија“ – Скопје.
Коалицијата реагира дека не организирано одржување на никаква геј-парада, туку започнува „Неделата на гордоста“, во чии рамки ќе бидат одржани повеќе настани, но ниту еден од нив не предвидува јавен марш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


