| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп бара 18 милијарди долари за продолжување на ѕидот кон Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала 18 милијарди долари за да се продолжи ѕидот на границата со Мексико.

Со предлогот на федералната агенција за царина и заштита на границата се предвидува дополнителна бариера од 505 км, со што со ѕид ќе биде заштитена половина од границата.

Според проценките, целосна изградба на ѕидот ќе чини повеќе од 33 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top