| четврток, 6 декември 2018 |

Сека Алексиќ отвора клиника за вештачко оплодување

Фолк-пејачката Сека Алексиќ со сопругот Вељко Пиљикиќ планира да отвори клиника за вештачко оплодување. Тие го имаат синот Јаков, кој е зачнат преку вештачко оплодување, а неодамна Сека повторно ја започнала истата процедура, зашто сака второ дете.

Заради проблемот со кои се соочиле, тие решиле да отворат самите клиника за оплодување и да им помогнат на многу двојки што се соочуваат со истиот проблем денес.

„Апелирам до сите жени што имаат слични проблеми да се одлучат за вештачко оплодување. Најважно е да не губат време, зашто за таа постапка се многу важни годините. Не чекајте, не размислувајте, не плашете се! Апсолутно е безболно, хормоните што им ги даваат на жените се минимални и не влијаат врз килограмите“, изјавила пејачката во едно скорешно интервју.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top