Прејадувањето го покачува крвниот притисок, го зголемува ризикот од срцев удар, може да предизвика воспаление на панкреасот, мачнина и други сериозни здравствени проблеми , предупредуваат експертите за исхрана. Доктор Спироски од Институтот за јавно здравје советува овие семејни празници кои изобилуваат со многу храна посебно внимателни да бидат лицата кои мислат дека се здрави, а тоа не им е потврдено од лекар.
– Треба да се внимава со храната бидејќи прејадувањето може да биде животозагрозувачки проблем. Посебно да внимаваат оние кои мислат дека се здрави, а состојбата не им е потврдена од лекар, изјави за ТВ Сител, д-р Игор Спироски, Институт за јавно здравје.
Граѓаните кои ги практикувале Божиќните пости постепено да се вратат кон нормалната исхрана.
-Не треба враќањето кон нормалната исхрана да биде драматично за да не се преоптовари организмот додава д-р Спироски за Сител.
Лекарите советуваат дека физичката активност на чист воздух е најдоброто решение за прејадувањето, а оние кои живеат во места каде воздухот е загаден да не претеруваат со јадењето
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст