| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Не сум паметен, јас сум гениј

Претседателот на САД Доналд Трамп се опиша себеси како „многу стабилен“, после објавувањето на контроверзната книга „Оган и бес: Во внатрешноста на Белата куќа на Трамп“.

-Всушност, целиот мој живот, најдобрите особини кои ги имав се менталната стабилност и тоа што сум, многу сум паметен. Започнав како многу успешен бизнисмен до телевизиска ѕвезда и до претседател на САД. Мислам дека тоа не ме опишува само како паметен, туку како гениј и тоа стабилен гениј- напиша Трамп на Твитер.

Контроверзната книга на авторот Мајкл Волф веќе стана бестселер, иако беше објавена во петокот, а во неа Трамп е опишан како лажго и неподготвен за победата на минатогодишните избори, меѓу другото.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, од друга страна, изјави за CNN, дека никогаш не го доведувал во прашање менталното здравје на претседателот на САД, Доналд Трамп.

-Никогаш не го доведував во прашање неговото ментално здравје. Немав причина за тоа- изјави Тилерсон, демантирајќи ги наводите од веќе споменатата контроверзна книга, во која се споменува дека токму Тилерсон и уште некои високи функционери ги доведуваат во прашање интелектуалните способности на американскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top