Прекрасната актерка немала многу убав живот, посебно оној љубовниот со кој Мерјем Узерли (34) и понатаму мака мачи.
Дамата која стана славна по улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“ никако не може да ја пронајде својата сродна душа и тој проблем отворено го споделува со јавноста. Мислела дека наишла на вистинскиот кога ја започнала врската со 17 години постариот бизнисмен Кан Атес.
Потоа таа останала бремена, а тој ја принудувал да абортира, бидејќи тоа веќе му било трето дете од неколкуте бракови. Заминала од него и сепак, ја родила ќерката Лара.
Потоа впловила во две врски. Едната беше официјализирана со свршувачка, но „пукнала“, а следната траела само два месеци.
Мерјем и понатаму има големи проблеми во љубовта, но нејзината најголема среќа е токму ќерката Лара.
Животот на оваа 34-годишна актерка и тоа како е чуден. Низ што сè поминала последните години поради што била мошне лабилна.
На 19 години била камшикувана затоа што прошетала полугола низ Дубаи, каде таквиот чин е забранет.
– Мислев дека нема силно да ме удираат, ама беше ужасно. Не ми се веруваше што преживувам, а мажот кој ја извршуваше оваа налудничава казна ми се смееше в лице. Тоа ме доведе до лудило – раскажала своевремено Мерјем, пренесува CdM.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.