| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повредена девојка во сообраќајка на патот Штип – Радовиш!

Дваесетгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во 3 часот и 55 минути на регионалниот пат Штип – Радовиш кај чешмата во непосредна близина на винарската визба „Имако“.

Станува збор за М.Д. од Штип, која се здобила со фрактура на втор вратен пршлен и поради сериозноста на повредите веднаш била пренесена во Штипската болница, а потоа хоспитализирана во Клинички центар во Скопје.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова вели дека во возилото БМВ со штипски таблички кое се движело во правец од Радовиш кон Штип, се превезувале четири девојки на возраст од 20 до 21 година и едно момче Д.З. (22), кое го управувало возилото. Автомобилот од непознати причини излетал од коловозот, удрил во две дрвја кои се скршиле. Едното од дрвјата паднало врз возило „Пежо 206“ со кумановски таблички кое уредно било паркирано на паркингот, а во него имало две лица, возачот кој бил од Струмица и сопатничката од Куманово.

Според првичните информации, сите патниците од БМВ се задржани во Штипската болница со цел проверка на нивната здравствена состојба.

На местото на сообраќајката е излезен обвинител и екипи на крим техника. Сообраќајот на патот Штип – Радовиш е нормализиран и во двата правца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top