| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани ­ – Македонска Каменица – ­ Делчево, Виница ­- Берово, Гостивар ­- Стража, Маврово – Дебар ­- Струга, Демир Капија ­- Удово, Катланово ­- Велес, Крушево ­- Демир Хисар и Ресен ­- Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top