| четврток, 6 декември 2018 |

Владиката Петар: Оној народ кој не го возљубил животот тој нема иднина

Бадник се прославува ден пред Божик и претставува последен и најстрог ден на Божиќниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир.

Домашните едни на други си го честитаат празникот, читаат молитва, а потоа се почнува со вечерата и се ужива во семејниот мир. Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога.

– И покрај тешкиот и мачен живот што го живееме обземен со млакоста и безволноста што го зафатила нашиот народ, безнадежноста несвојствена за него, злобата, омразата, зависта, суетата, себичноста мораме да ги отфрлиме, а место нив да ги вгнездиме радоста, љубовта, верата, мирот и трпеливоста, изјави г.Петар Митропилот

Божик е највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена.
Обичај е првиот човек што ќе влезе во домот на Божиќ да е пријател на куќата кој треба на домот и домашните да им донесе здравје, среќа, благосостојба и мир.

– Оној народ кој не го возљубил животот тој нема иднина, затоа ве охрабруваме да не ве плаши соочувањето со секојдневието какво и да е тоа, покажете храброст и борете се за еднакви права и перспективи, не паѓајте во очај и Бог е со нас, и не прегрнува со својата неизмерна љубов, изјави г.Петар Митрополит

Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top