
Претседателот на Торино Урбано Каиро денеска беше ијнтервјуиран од „Спорт Италија“ во врска со отказот за српскиот тренер Синиша Михајловиќ.
Каиро нагласи дека не го отпуштил Михајловиќ поради синоќешниот пораз од Јувентус во четвртфиналето на Копа Италија, туку поради настапите на тимот во првиот дел од сезоната севкупно.
– Не бев задоволен од Михајловиќ. Имаме добар тим, но немаме резултати. Одлуката да го отпуштам Михајловиќ не се базира на вчерашниот пораз, туку не ми се допаѓаа резултатите на тимот во првата половина од сезоната во Серија А – вели Каиро.
Првиот човек на Торино беше прашан и зошто го избрал поранешниот тренер на Наполи и Интер Валтер Мацари, кој беше без работа откако минатата сезона си замина од Вотфорд.
– Среќен сум со изборот на Мацари, го имам вистинското чувство – одговори Каиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


