| четврток, 6 декември 2018 |

Десет работи кои некогаш биле бесплатни, а сега „дебело“ ни ги наплаќаат!

Во последните неколку години, веројатно и поради сè поголемата криза, бесплатните работи во светот се во сè помал број.

Постојат работи за кои денес плаќаме, а во минатото истите биле бесплатни. Еве само дел од нив:

Авионски услуги

Носење на багаж, гледање на филмови за време на летот, храна, вода и слично – сите овие работи порано најчесто биле бесплатни. За жал, денес тоа не е така, па често се наплаќа дури и чаша вода

Испорака на храна

Некогаш била бесплатна, меѓутоа денес голем број на ресторани ги наплаќаат услугите за доставување на храна до вашиот дом. Обично станува збор за мала сума на пари, но сепак. Поради тоа, доколку сакате да заштедите, секогаш при порачување на храна прашајте дали доставата е бесплатна, а доколку не е, побарајте друг ресторан кој нуди бесплатна достава.

Банкарски услуги

На надоместоците за банкарски услуги денес им нема крај и можеме да ги набројуваме до недоглед. Поради тоа, пред да донесете одлука за отворање на сметка во одредени банки, добро информирајте се околу тоа кои услуги им се нудат бесплатно на клиентите, а кои се наплаќаат

Телевизија

Да, во минатото и телевизијата била бесплатна. Иако идејата за ТВ антена можеби изгледа смешно, програмите биле бесплатни. Денес, иако локалните програми се и понатаму бесплатни, повеќе од 100 милиони американски домаќинства плаќаат за пристап до сателитски програми, во просек околу 50 до 75 долари месечно.

Вести

Иако поголемиот дел од вестите на интернет порталите и понатаму се бесплатни, според веб-страната “Mashable”, 20 отсто од американските весници им наплаќаат на корисниците за пристап до нивните дигитални содржини.

Отстранување на ѓубре

Отстранувањето на ѓубрето од домовите е услуга која Американците неволно ја плаќаат, па затоа тие трошоци им биле вклучени во даноците за имот. Меѓутоа, во некои зони и тоа се променило, па некои сојузни американски држави сега посебно наплаќаат надомест за отстранување на ѓубре.

Услуги на бензинските пумпи

Многу одамна, на бензинските пумпи работеле службеници кои наместо вас точеле гориво во вашиот автомобил, и тоа потполно бесплатно. Денеска, таа услуга не постои, освен во Орегон и Њу Џерси каде законите забрануваат самоуслужни пумпи.

Надоместоци за дополнителни услуги во училиштата

Како образованието само по себе да не е доволно скапо, некои училишта започнале и со дополнително наплаќање на надоместоци за паркинг, фитнес, па дури и здравствени услуги. Покрај тоа, некои јавни училишта и факултети одлучиле да наплаќаат и дополнителни активности и курсеви, а во некои училишта значително пораснала и цената на излетите.

Информации за броеви

Услугата за информации за телефонските броеви некогаш била бесплатна, но денес не е така. Со цел да ја избегнат оваа услуга, многумина користат телефонски именици.

Плаќање на сметки преку мобилен телефон

Технологијата напредува, па денес своите сметки можеме да ги плаќаме преку мобилен телефон. Меѓутоа, лукавите оператори не ја пропуштиле приликата да заработат, па почнале со наплаќање и на оваа услуга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top