Нема ние да се лажеме, луѓето се исплашени. Луѓето се плашат да излегуваат на улица, токму и тоа беше ударот, тоа беше импактот со затворањето на овие луѓе. Да ни дадат до знаење дека секој кој што ќе се бунтува, секој што ќе каже НЕ и ќе даде отпор на било која акција на власта, ќе ги снајде тоа што нив ги снајде, истакна аналитичарот Сотир Костов во емисијата „Алфаскоп“ на телевизија Алфа.
Костов повика до граѓаните да се присетат на писмото кое беше пратено од министерот за култура Роберт Алаѓозовски каде што забранува секакво манифестирање на отпор, учествување во протести и закани со строга казна. Тој додаде дека за него најсветла точка во Новата година била доаѓање на десетина, петнаесетина луѓе од Гостивар само неколку минути после дочекот на Нова година за да дадат поддршка на притворените уставобранители.
Лично мислам дека ќе создадеме една критична маса и ќе и дадеме до знаење на сегашната власт дека прави едно големо злодело што најдобрите луѓе од културата и уметноста ги притвора за искажана мисла, искажана идеја, за испеана химна, за провеано македонско знаме. На неуставен и незаконски начин ги приведе пратениците, да не заборавиме дека тие имаа имунитет и според Уставот и според Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, на многу нечесен начин на луѓе што совесно си ја извршуваа задачата вработени во државните институции, пред се мислам овде на полицијата на ДБК и.т.н., рече Костов.
Според него, судството во Македонија во моментот ништо не работи. Тој праша зошто на судиите и на јавниот обвинител им се малку 30-тина дена за да обезбедат докази и да започне рочиштето. Костов констатираше дека ова што им се случува на притворените луѓе за 27-ми април е намерно со цел да се вметне страв кај останатите и да им се даде до знаење дека ова што им се случува на притворените може да им се случи и на нив. Како причина за внесување на овој страв, Костов ги наведе договорот со Бугарија, усвојување на Законот за двојазичност и на крај процес односно започнување на постапка за промена на името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст