Во „Ѓаволски свиок“ во Перу загинаат синоќа најмалку 48 лица. Нивниот автобус удрил трактор, по што тој пропаднал во бездна, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила на опасен дел од автопатот наречен „Ѓаволски свиок“, каде патот е многу тесен, со стрмни свиоци и често покриен со магла.
Автобусот, во кој имало 57 патници, се превртел и паднал на покривот на многу тесен дел од брегот на Тихиот Океан, до кој нема пристап.
Спасувачките екипи и во текот на ноќта барале преживеани во тешко достапната област, која се наоѓа околу 70 километри од Лима. Пожарникарите и полицајците успеале да пренесат петмина тешко повредени пациенти во блиската болница.
Повеќето патници во автобусот се враќале во Лима по прослава на новогодишна ноќ надвор од главниот град.
Во сообраќајни несреќи во Перу во 2016 година загинале 2.600 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст