Холанѓанка Лиза, која живее во Македонија година и пол на својот блог ги сподели своите импресии и искуства од живеењето овде. „Во Македонија живеам веќе 1,5 година и ги познавам Македонците повеќе од пет години, така што можам да кажам дека постојат неколку работи кои се малку чудни за мене вели таа.
Еве како таа ги доживува Македонците:
– Македонците користат ракија за се! За пиење секако, но ви се затнал носот
„Шмркнете” ракија. Убод од комарец? Ставете ракија. Ги чистете прозорите од колата? Користете ракија. Имате мала рана? Ставете ракија на неа.
– Македонците секогаш ќе ве прашаат колку ве чинело нешто? Имате нов часовник? Ах, колку пари е? Нова кола? Колку ве чинела. Тоа изгледа е многу важно прашање овде.
– Се е во врска со храната. Главно прашање на денот е „што има за ручек или вечера?” Исто така, тие обожаваат да зборуваат за храна.
– Поради некоја причина, сосема нормално е да се има теписи насекаде, во секоја големина и форма. Дури и во кујната можете да најдете теписи.
– Секој има прекар, кој дури и не звучи како нивното вистинско име. Но, Македонците не се многу креативни со имињата. Најчести имиња се Александар и Ана. Така што, треба да има прекар за да не се јавите на погрешен Александар.
-Тие постојано се жалат дека немаат пари, сепак сите кафулиња се секогаш полни.
– Промаја е студен воздух во куќата и според постарите генерации, ова дефинитивно ќе ве разболи и е многу лошо за вас, така што затворајте ги прозорците и вратите!
– Тие не разбираат кога ќе им кажете дека сте најадени. Особено бабите во оваа земја ќе ве преполнат со храна и нема да прифатат „не” за одговор.
– Тие целосно се менуваат кога влегуваат во автомобилот. Македонците во основа се многу љубезни луѓе, но возат како да ќе се самоубијат. Јас дури не ни претерувам за ова.
– Тротоарите се користат за паркирање, наместо за одење. И никогаш не возете на десната страна, бидејќи е наменета за автобуси и коли кои застануваат овде. Или пак, возат наназад на булевар… да, и ова е возможно во Македонија.
– Не служете им торта на почетокот од роденденската прослава. Овде, тортата се служи на крајот од роденденот и откако гостите ќе ја изедат тортата, си одат дома. Во Холандија тоа е всушност обратно.
– Кога Македонците ќе ве поканат во своите домови, секогаш носете закуски, слатко или солено, дури и кога одете кај ваши пријатели. Тоа е како некое непишано правило на благодарност за гостопримството.
– Бурек и јогурт се смета за добар појадок, според Македонците.
– Немојте да се изненадите ако постарите генерации можат да разберат шпански. Порано гледале многу шпански серии и го научиле јазикот. Во денешно време, се чини дека сите гледаат турски серии, кои сериозно се многу лошо синхронизирани.
– Речиси 40 отсто од населението во Македонија ги троши последните пари за обложување на спорт. Можете да најдете околу 800 обложувалници, што е лудо, бидејќи само два милиони луѓе живеат овде!
(living-abroad.net)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст