Во интервју за „Јутарњи лист“, Лука Циндриќ зборува и за Вардар, Раул Гонзалез неговите соиграчи од македонскиот клуб, вели дека ќе му недостасува Скопје, но и се радува за новите предизвици кои ќе ги има од следната сезона.
Лука Циндриќ со своите игри минатата сезона се промовираше во еден од клучните играчи на Вардар, го постигна победничкиот гол против Барселона во Келн, а полека се наметнува и како еден од главните во хрватската репрезентација.
Од него се очекува многу, го гледаат како моторот на Хрватска на Европското првенство, интересен е за медиумите, а во интервјуата кои ги дава неизбежна тема е Вардар и неверојатниот успех кој го направи македонскиот клуб.
„Долго време се градеше тимот, Раул тука е веќе долго време, не менуваме премногу, имаме константа и почнаа да доаѓаат резултати, дојде времето за наплата. Плаќавме со падови и тешки порази, но на крајот се се врати. Минатата сезона игравме совршено, многумина оваа сезона не отпишаа бидејќи менувавме нешто, но добивме нешто друго и повторно играме фантастично“, вели Лука Циндриќ во интервју за „Јутарни лист“.
„Во што е тајната? Кога ќе ја создадеш таа енергија која ја создадовме ние, тешко се игра против нас и кога играме лошо. Тоа е ситуација кога губиш со четири разлика, а мирен си бидејќи знаеш дека на крајот ќе победиш. Кога го почувствувавме тоа? Да речеме, по финалето од СЕХА лигата, а пред Келн“.
Циндриќ објаснува каков тренер Раул Гоналез, главниот човек кој стои зад успехот на Вардар.
„Раул Гонзалез е врвен тактичар, тренер кој има се што треба да има еден тренер. Нашиот однос во текот на неделата е во реченицата „ти знаеш што се треба да играш“. Тој сугерира пет-шест акции и не кажува која треба, туку ти си бираш која ќе ја играш. Тотална слобода, но не во смисол да го правиш тоа што сакаш. Тоа е нешто кое го воспоставивме со текот на времето и нема излегување од правилата“.
„Имавме и лоши моменти бидејќи сите ги немаме истите карактеристики, сите работи не легнаа наеднаш. Но Раул знае да остане и по тренинзите, да објаснува, да разговара“.
„Ретко, се дружи со ракометарите, можеби само во соблекувалната или на заеднички вечери, во другиот период е на далечина“.
Циндриќ беше запрашан и кои ракометари би ги издвоил од Вардар кога се во прашање случувањата на теренот но и надвор од него.
„Шишкарев, Чупиќ, Стоилов… Можам да образложам. Русинот е многу позитивен, човек кој секогаш ќе ги прекинува караниците, непотребните дискусии. Тој е добриот дух на нашиот тим. Чупиќ е борец, кога на сите им се главите доле, неговата секогаш е горе. Столе е капитен и фантастична личност, мој цимер…“.
„Имаме и големи ѕвезди. Штербик е пример за сите, величина. Дибиров е посебен лик, малку поинаков, свој, мораш да го разбереш. Шпанците се многу „несериозни“, се држат заедно, а со нас се кога треба да бидат“.
„Тука е и Марсениќ против кој играм прво на Европското првенство, имаме одличен однос уште од времето додека игравме во Металург. Со него се дружам можеби и најмногу во тимот“.
Запрашан дали му е жал што го напушта Скопје и оди во Кјлеце, Циндриќ рече:
„И да и не. Се радувам за новиот клуб и новиот предизвик, а жал ми е бидејќи во Скопје ми е супер. Таму направив големи работи и тоа не се заборава“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст