Нов земјотрес со јачина од 4 степени според европската макросеизмичка скала попладнево во 18 часот и 36 минути бил регистиран во близина на Дојран. Според информациите, епицентарот на земјотресот бил регистриран на 9 километри североисточно од Стар Дојран, а на околу 144 километри југоисточно од Скопје.
Тектонските поместувања се случиле на длабочина од 2 километри под земјината површина. Земјотресот бил почуствуван и во соседните општини и населени места, како и во соседна Грција и во Бугарија. Експертите сметаат дека ова се можни афтершокови за смирување на земјиното тло. Инаку, низа земјотреси вчера ја погодија земјава, најмногу во регионот на Дојран.
Најсилниот земјотрес беше со интензитет од 6-7 степени според европската макросеизмичка скала. Потресот силно бил почувствуван од граѓаните во Стар Дојран и Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст