Интеграцискиот пат на Македонија не го блокира Грција, туку Соединетите Американски Држави. Со овие обвинувања денеска излезе поранешниот амбасадор Ристо Никовски во конференција за прашањата на регионалната безбедност, пренесува Алсат – М.
Според него и последната посета на Филип Рикер во Скопје е притисок за промена на името на државата.
„Кога се гледа преку факти мислам дека нема сомневање дека проблемите со кои сме соочени во врска со нашите интеграции ви ЕУ и НАТО се де-факто блокирано од САД. Најубав пример за тоа е и последната посета на Рикер на Македонија. Уште додека беше амбасадор, во интервју за весниците отворено кажа: сменете го името и после ви се отворени сите патишта. Лагите дека ќе си го смениме името и ќе останеме тоа што сме, мислам дека не држат вода и секому веќе е јасно – името значи идентитет“, изјавил Ристо Никовски – поранешен амбасадор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


