| четврток, 6 декември 2018 |

Готвач Антонио: Каде е власта? Очајно ми требаат суплименти и храна

Антонио Јанковски момчето кое го гледавме со неговите кулинарски вештини на телевизија, денес живее во секојдневна борба со карцином, со мачнотијата да најде работа и да ги плати лековите и домот.

На својот Фејсбук тој денеска напиша дека нема лекови, храна и пари. Му била ветена работа, но ништо од тоа. Прашува каде е власта да му помогне?

Тој се извини до сите оние кои преку социјалните мрежи му понудиле работа, но како што пишува му било ветено дека ќе се вработи, па затоа не одговорил на подадената рака од тие луѓе, сега повторно моли, доколку некој е во можност да го вработи, иако малку истрошен тој е подготвен да почне повторно да креира со храната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top