| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците си ги споија празниците: Нема да работат до 9 јануари

Пратениците нема да работат до следната недела, односно до 9 јануари. Оваа одлука народните избраници ја донеле на координација со собранискиот спикер, при што се договориле да ги спојат деновите и по Божик да почнат со работа кога се очекува да се одржат две комисиски расправи.

На агендата на Собранието, всушност, нема закажани активности до 15 јануари, но собраниските служби информираат дека седници на неколку комисии ќе се одржат во периодот од 9 до 12 јануари, кои ќе бидат ставени дополнително во програмата на Собранието.

Инаку, на веб-страницата на Собранието единствена закажана активност е седницата на Комисијата за европски прашања за 15 јануари во 11 часот кога ќе се одржи презентација на програмата и на приоритетите за работа на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2018 година. Програмата пред пратениците ќе ја претстави амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Великов Петков.

 

извор:макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top