| четврток, 6 декември 2018 |

„Шератон“ си заминува, Албанија остана без хотел со 5 ѕвезди

Здружението на албанските туроператори и туристички агенции (АТОА) соопшти дека „Шератон“ од први јануари 2018 ја напушта Албанија. За здружението ова е едно од најнегативните случувања во последните дваесет години во албанскиот туризам.

Од „Шератон“ сеуште нема официјална изјава околу причините за овој чекор, но од здружението велат дека причината се погрешните политики на Албанија во промоцијата на туризмот. Според здружението доколку владата бара нов хотелски „бренд“ потребно е да ги задржи оние малку што се во земјата.

– Немањето соодветна регулатива, стандарди и екстремната непрофесионалност се главните причини кои не само што далеку ги држат странците во облата на хотелерството, туку придонесуваат за заминување на оние кои се присутни, како што е „Шератон кој беше е тука од 2003 година, посочуваат од здружението.

„Шератон“ беше прв хотел со пет ѕвезди во Албанија.Со неговото заминување Албанија го губи единстевното име „бренд“ препознатлив во светот, во сферата на хотелиерството и туризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top