На првиот ден од Новата Година времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има услови за појава на претпладневна магла. Преку денот ќе има умерено наоблачување и ќе биде релативно топло, особено на повисоките места.
Температурата ќе се движи од 7 до 14 степени, а во Скопје и околината слично време со температура до 8 степени.
Во вторник изутрина и во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен со засилен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен и од среда ќе предизвика заладување. Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд и снег ќе има во четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


