| четврток, 6 декември 2018 |

Антонио Бандерас: Ѓоковиќ е супер, ама како Шпанец навивам за Надал

Шпанскиот актер Антонио Бандерас (57) во интервју за „Вечерњи новости“ зборуваше за неговиот најнов филм, за желбата да работи со Емир Кустурица и за неговиот омилен тенисер.

За неговиот најнов филм „Black Butterfly“ на режисерот Брајан Гудман, тој вели:

„Ме одушеви мрачниот психолошки пристап… ‘Black Butterfly’ е посебен бидејќи филмот го води гледачот од почетокот до крајот со неверојатна брзина“.

На прашањето кој му е неостварен сон како актер, Бандерас вели дека иако првите актерски чекори ги направил како член на Шпанскиот национален театар, би сакал да го игра Шекспировиот Хамлет.

Актерот кој меѓу најзначајните улоги во кариерата му се во филмовите „Desperado“, „The Mask of Zoro“, „Philadelphia“, „Assassins“, нагласи дека многу ја сака работата на Емир Кустурица и дека неговите филмови многу го потсетуваат на шпанската кинематографија и дека имаат „искра на суштественост и емоција што зборува многу повеќе од илјада специјални ефекти“.

„Уживав кога го гледав ‘Arizona Dream’… Би сакал да играм во некој од неговите филмови, ако приказната е моќна како во овој филм“, додаде актерот кој ја почна филмската кариера во 80-тите и се прослави со улогите во остварувањата на Педро Алмодовар.

На прашањето дали следи тенис, Бандерас вели дека Новак Ѓоковиќ е супер играч и дека ги сака неговата енергија и одлучност, но дека како Шпанец, должноста му налага во мечовите меѓу Ѓоковиќ и Рафаел Надал да навива за Шпанецот со цело срце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top