| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата трага по лицето што го подметна пожарот во кафулето во Прилеп

Полицијата трага по непознато лице кое ноќеста подметна пожар во кој целосно изгоре кафулето, „Галери хаус паб“ во строгиот центар на Прилеп.

Според Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола полицијата работи на расчистување на случајот.

– Полицијата и прилепскито јавно обвинителство прават увид на местото на големиот пожар во центарот на Прилеп во кој изгоре кафулето „Галери хаус паб“. Се трага по непознатото лице кои со запалива течност го подметнал пожарот. Прво, стихијата ја зафатила надворешната метална конструкција, а потоа огнот се проширил на приот и вториот кат. Екипи составени од полицијата, јавното обвинителство и стручни лица се уште прават увид на местото на пожарот, вели Миленкоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top