| четврток, 6 декември 2018 |

Потфрли наплатата на ДДВ: Ова е знак дека опаѓа довербата во државата и економските политики

Ќе потфрли наплатата на ДДВ за 2017. Граѓаните ја губат довербата во економските политики на државата и се намалува јавната потрошувачка. Ако не се собере данокот во планираниот износ ќе има нови задолжувања, сметаат дел од експертите, објави „Сител“.

Како што објавува телевизијата, најновите податоци од МФ покажуваат дека за 11 месеци годинава во државната каса од ДДВ се собрани 26 милиони евра помалку од планираното. Од друга страна за да се оствари прокецијата на МФ ќе треба во декември од ДДВ во буџетот да се инкасираат близу 92 милиони евра што според дел од експертската јавност е неостварливо. Според финансискиот консултатнт Рафајловски ДДВ паѓа 4 години по ред, а Владата мора да се зафати со сериозни реформи.

д на јавната потрошувачка или пад на ДДВ е пораз за секоја економија и заради тоа новата Влада ќе мора многу сериозно да се зафати во наредната година со вистински реформи а не вакви како што предложи сега во овој момент бидејќи ќе бидат потребни за економски напредок на РМ, вели Рафајловски.

И неиздавањето на фискални сметки односно затајувањето на ДДВ има голем удел во намалената наплата. Ако не се издаваат сметките нема да потфрли само ДДВ туку и целиот даночен систем.

Неофицијално од МФ велат дека една од причините за намалените нето приходи по овој основ е поради забрзаниот поврат на ДДВ во стопанството.Односно, во периодот септември- ноември износот е за 26 отсто повисок од истиот период лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top