| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Оваа нова година ќе биде година на нова надеж, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано

Знам дека надежта кај многумина од вас е мала, но таа не смее да исчезне. Македонија може и мора подобро, ова го потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето новогодишно обраќање.

– Македонија мора да оди напред. Следете ме и оваа нова година ќе биде година на нова надеж, и година кога граѓаните ќе ја препознаат вистинската енергија која може да направи подобра иднина за сите. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи и внатрешни промени. И ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати посилно од порано – потенцира Мицкоски.

Тој им посака и среќни празници на сите граѓани на Македонија.

– Дозволете на секој од вас, да му посакам лична среќа и пред се добро здравје. Сакајте ги блиските, нека новата година донесе исполнување на вашите планови на личен и професионален план, но пред се љубов, разбирање и напредок во семејството. Нека Ви е среќна и успешна новата 2018та година – вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top