| четврток, 6 декември 2018 |

Шест дена краделе врати и прозорци од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против 27-годишниот В.С., 37-годишниот Ш.У. и едно малолетно лице на возраст од 14 години, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Пријавените, од 01.12.2017 до 06.12.2017 година, во студентскиот дом „Гоце Делчев“ на ул. „Московска“ во Скопје одземале алуминиумски врати и прозори што биле демонтирани од студенскиот дом и на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 500.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top