| четврток, 6 декември 2018 |

Стружанец водел колонијал, а под тезгата криел арсенал

Инспектори при Надворешната канцеларија за недозволена трговија со дрога и оружје од Струга извршиле контрола во струшкото село Мороишта, во продавницата за прехрана „Лазароски компани“, сопственост на В.Л. (55) од истото село, при што пронашле 7.377 парчиња пиротехнички средства – петарди. Петардите се одземени, а В.Л. бил приведен во полициската станица од општа надлежност-Струга за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top