Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Македонија потпишаа меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата приматели на социјална помош.
Извршителите ќе имаат пристап до посебен електронски регистар, така што веднаш ќе имаат увид дека станува збор за луѓе од ранлива категорија.
-Со овој меморандум ние веднаш ќе можеме да утврдиме, дека ако утврдила државата дека тоа лице е социјален случај, треба да се отстрани од системот на извршување до промена на неговиот статус. Кога ќе се промени статусот, до вработување или до стекнување на некој имот, тогаш ќе може да се реализира извршувањето во тој дел – изјави претседателот на Комората на извршители Зоран Димов.
Претходно овие лица чекаа и по неколку дена да заврши писмената коресподенција меѓу извршителот и Центарот за социјални работи, а дури потоа да им бидат деблокирани сметките и да имаат пристап до парите за социјална заштита.
Оваа новина ја забрзува постапката и штити од непотребни трошоци, но не подразбира отпис на долговите, туку нивна наплата штом ќе имаат паричен прилив од друго место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст