| четврток, 6 декември 2018 |

Казни до 200 евра: Kако да пополните годишна даночна пријава за УЈП

Од 1 јануари 2018 година започнува поднесувањето на годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, а рокот за поднесување завршува на 15-ти март. Предвидена е парична казна од 200 евра за даночните обврзници кои ќе задоцнат или воопшто нема да поднесат пријава.

Данокот е потребно да го пријавите во УЈП, односно во нејзнити подрачни единици кои се распространети низ општините.

Што треба да знаете при пополнување на даночната пријава?
Најпрво, во УЈП ќе ви дадат образец што се нарекува годишна даночна пријава (ПДД-ГДП). Во него ќе треба да ги внесете вашите лични податоци на горниот дел од документот. Времетраењето на самата даночна пријава во редовна постапка е од 1 јануари до 31 декември, а се внесуваат приходите што ви се исплатени заклучно со тие денови. Во делот наречен остварени приходи се наведени 20 параграфим од кои секој носи посебно име.

Преземете го упатството каде практично е објаснето пополнувањето и начинот на поднесување на годишната даночна пријава – образец ПДД-ГДП.

За приходите кои сте ги оствариле во 2017 година и за кои имате обврска да ги пријавите во УЈП, поднесете ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА (образец ПДД-ГДП) до даночните канцеларии или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk
– Преземете го образецот ПДД-ГДП од веб страницата на УЈП (кликни тука)
– Како да ја пополните Годишната даночна пријава? (преземи видео)
– Зошто, Кој, Кога, Каде и Како треба да ги пријави приходите во УЈП? (преземи брошура)

Доколку имате дополнителни прашања контактирајте не преку Инфо центарот на бесплатната телефонска линија 0800 33 000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top