| четврток, 6 декември 2018 |

Лавина снег затрупала сноубордери, едно лице тешко повредено

Снежна лавина затрупала денеска бордери на ски-центарот Василица, по што 30-годишен маж е повреден и во критична состојба префрлен во болница, јавуваат грчките медиуми.

Во падот удрил во дрво, по што се здобил со тешки повреди, додека останатите членови од групата се во добра здравствена состојба.

Во оваа област видливоста била намалена и ограничена поради густа магла. Во моментот кога се случил инцидентот скијачките биле затворени, а групата на сноубордери се обидела да се спушти надвор од пистата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top