| четврток, 6 декември 2018 |

Либерија доби нов претседател, поранешниот фудбалер Џорџ Веа

Џорџ Веа, поранешниот фудбалер на Челзи, Манчестер Сити и италијанскиот гигант Милан, е новиот претседател на Либерија. Веа доаѓа на местото на Елен Џонсон Сирлиф, првата жена која во Африка беше избрана за претседателка.

Веа е првиот играч кој не е од Европа а кој ја има освоено Златната топка која се доделува за најсупешниот фудбалер во една година. Тој ја освои во 1995.

По неговото пензионирање од фудбалот, Веа како култен херој во својата држава влегува во политиката и беше сенатор во Парламентот на Либерија.

По изборите кои се одржаа во четвртокот, Државната изборна комисија на Либерија, соопшти дека тој ја добил довербата со 61.5 отсто од гласовите.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top