| четврток, 6 декември 2018 |

Некогаш не стануваше од кревет за 10.000 долари, а сега скока од него!

Поранешниот канадски модел Линда Евангелиста е сопственичка на титулата на највилијателна манекенка на сите времиња, 700 насловни страни и модните магазини и прочуената реченица„За 10.000 долари не станувам од кревет“. Сепак времињата се сменија и сега Линда скока од кревет секогаш кога ќе заплаче нејзиниот внук.

Линда го напушти манекенството во 1998 година после успешната кариера во модната индустрија. За разлика од своите колешки таа реши модните писти да ги препушти на помладите манекенки и да се посвети на семејниот живот.

Таа за жал нема сопствени деца, но од бракот со модниот агент Џералд Марио ја има поќерката Роксен која минтиот месец стана мајка, па Линда ја презеде должноста на баба.

-Сега сум баба. Овој подарок за мене е благослов – напишала поранешната манекенка. Фокусирана е на внукот ги исполнува сите негови желби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top