| четврток, 6 декември 2018 |

Милена Дравиќ гаѓала новинарка со апчиња поради глупаво прашање

Спрската актерка Милена Дравиќ има богата биогафија, но и анегдоти кои секогаш се интерени за слушање.

Легендарната актерка својата прва улога ја имала на 16 години, снимила над 90 филма, бројни тв емисии и тетатарски претстави.

Во време на поранешната Југославија, Дравиќ присустувала на Филмскиот фестивал во Кан. Славната актерка тогаш се дружела со Џек Николсон, Џон Ленон и Јоко Оно. Во Кан и пришла една американска новинарка и ја прашала: Дали вие Југословенките, знаете за апчиња за контрацепција? Ова прашање ја разбеснило Дравиќ.

– Во друштво на Никослон, Ленон, Оно јас добивам такво прашање. Тие денови имав главоболка. И наместо одговор, ја отворив чантата каде што ги чував апчињата против главоболка и со нив ја гаѓав новинарката. Сите весници пишуваа за инцидентот. Руската „Литература газета“ напиша дека не сум се однесувала примерно. Поради ова можев да останам без улога во познатиот филм ’Битката на Сутјеска’. Директорот на филмот Поповиќ ми се јави да ми каже дека нема да ми ја доделат улогата  – изјавила Дравиќ, која на крајот, сепак, играше во легендарниот филм.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top