Утре, во сабота, на 22 јуни ќе се одржи голема акција за вдомување животни на Баскерфест! Ќе се обидеме на што повеќе кучиња и мачиња да им обезбедиме топол дом, па ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да вдомат милениче, да дојдат од 17 до 21 часот на Плоштад Македонија и да спасат еден живот!
Настанот го организираат Здруженијата за заштита на животните Анима Мунди и ААПЖ (Асоцијација на активисти за права на животните).
Под мотото „Прави добро во име на сите – луѓето, природата, животните“ секој ќе може да се вклучи и да понуди вдомување на кутре или маче, како и да си одбере миленик и со тоа да спаси живот.
На големата акција за вдомување ќе биде поставен и едукативен штанд со инфо материјали (Прирачник за одговорно чување миленици; препораки за грижа на милениците, флаери, плакати, летоци за полезноста од стерилизација и кастрација на милениците) и во секое време активистите на Анима Мунди и ААПЖ ќе бидат достапни за совети и дискусија за се што ги интересира љубителите на животни.
Секое вдомено кутре ќе добие извод и ваучер за бесплатна вакцина и прочистување, кој ќе може да го искористи во некоја од ветеринарните станици со кои соработуваме.
Целиот настан, бесплатните вакцини и средствата за дехелминтизација на животните се овозможени со грант од програмата CIVICA Mobilitas, спроведена од Центарот за институционален развој CIRa и финансиски подржана од Швајцарската агенција за развој SDC, а се дел од проектот „Јакнење на капацитетите на органите на ЕЛС и оптимизирање на јавните услуги – преку иновативност во механизмите за комуникација до (по)добро владеење,“, што го реализира Анима Мунди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



