| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре се укинува бесплатниот градски превоз

Од утре се укинува бесплатниот превоз. Мерката беше воведена вчера поради загаденост во изминатите два дена.

Бесплатен превоз со јавниот транспорт во Скопје, прекин на градежните активности на градилиштата кои се под надлежност на Град Скопје, ограничување на обуката од автошколите, зголемен надзор над загадувачите, се само дел од мерките против загадувањето на воздухот што ги објави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој ги повика градоначалниците од скопскиот регион да помогнат во субвенционирањето на јавниот транспорт. Шилегов упати и повик до нив да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност.

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е задолжено да продолжи со интензивното чистење и миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје. Шилегов повика вработените во градската управа да доаѓаат на работа со автобусите од јавниот превоз, а службените возила ќе се користат исклучиво за Инспекторатот на Град Скопје. Тој упати и повик до граѓаните и тие да помогнат во намалување на загадувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top