| четврток, 6 декември 2018 |

Секс афера во Англија: Славен фудбалер две години ја лажел „швалерката“ дека продава автомобили (фото)

Неверојатна секс афера ја потресе Англија, а главен актер е поранешниот фудбалер на Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул.

Станува збор за славниот фудбалер Коло Туре кој беше и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска. Имено додека настапувал за Манчестер Сити запознал една девојка во ноќен клуб на која лажно и се претставил и не и открил дека има сопруга.

Тогаш 27 годишниот Коло ја убедил девојката дека работи како продавач на автомобиле во Африка и дека одлично заработува. Тоа му успеало бидејќи девојката баш и не следела фудбал.

Врската траела две години, а се било откриено кога Туре, кој се претставил како „Франсоа“ престанал да и се јавува.

Несреќната девојка и се пожалила на својата пријателка истакнувајќи дека „Франсоа“ повеќе не и се јавува, па и покажала фотографија од него додека бил под туш, по што следувал вистински шок.

Имено, пријателката веднаш сфатила за што се работи, па и порачала на „google“ да напише Коло Туре.

„Таа беше во шок кога и го покажав Франсоа. Ми кажа да одам на интернет и да напишам Коло Туре. Тогаш јас останав во шок бидејќи видов кој всушност бил Франсоа. Искрено, не можев ниту да претпоставам дека е професионален фудбалер, бидејќи фудбал навистина не следев. Тогаш сфатив зошто никогаш не сакаше да се сликаме“, изјави измамената девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top